Корисничко име Лозинка Пријави се
09.12.2014

Роби Кин во Квинс парк ренџерс?

Роби Кин, капитенот на Ирска, би можело да ја искористи паузата во американската професионална лига (МЛС) и наредните три месеци да ги помине на заем во Квинс парк ренџерс.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Хари Реднап, менаџерот на Квинс парк ренџерс, сериозно размислува да го ангажира Кин, кој со Лос Анџелес ја освои шампионската титула во САД.
Кин оваа сезона постигна 22 погодоци за Галакси, вклучувајќи го и одлучувачкиот гол во финалето на плејофот против Њу Ингланд, во триумфот со 2-1.
„МЛС е пазарот кој ќе го гледаме. Роби е вистински професионалец, има добар шут и би бил одлично решение, сигурен сум дека би ни бил од помош“, изјави Реднап, кој го тренираше Кин во Тотенхем.
Кин има 34 години, а во текот на кариерата играше за Вулверхемптон, Ковентри, Интер, Лидс, Тотенхем и Ливерпул. За репрезентацијата на Ирска одигра рекордни 138 натпревари и е најдобар стрелец во историјата со 65 голови.

Најнови вести