Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2018

МЛС: Хет-трик на Ибрахимовиќ за пресврт за Галакси

Во возбудливиот дуел во американската МЛС, Лос Анџелес го совлада Орландо на домашен терен со 4-3.

Гостите на полувремето водеа со 2-1, откако на една минута пред паузата, Микаел Сиани постигна автогол.
Во второто полувреме имаше шоу во режија на еден човек – Златан Ибрахимовиќ.
Миленикот на навивачите на Галакси изедначи уште во втората минута од продолжението, а седум минути подоцна Орландо и по трет пат поведе со голот на Доминик Дајер.
Ибрахимовиќ му ја донесе победата на својот тим со погодоците во 67-мата и во 71-вата минута, а со тоа дојде до бројката 15 постигнати погодоци на 17 натпревари во МЛС.
Лос Анџелес галакси моментно се наоѓа на третото место на Западот и има серија од девет натпревари без пораз.

Најнови вести