Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2018

И дефинитивно: Светското првенство без Златан Ибрахимовиќ

Фудбалскиот сојуз на Шведска соопшти дека Златан Ибрахимовиќ нема да игра за националниот тим на Светското првенство во Русија.

Ларс Рихт, спортскиот директор на Сојузот, изјави дека разговарал со Ибрахимовиќ пред два дена.
„Ме извести дека не ја променил одлуката за повлекување од националниот тим“, изјави Рихт.
Ибрахимовиќ ја напушти репрезентацијата во 2016 година, по 116 одиграни натпревари и 62 постигнати гола.
Напаѓачот, кој игра за Лос Анџелес галакси, неодамна изјави дека би можело да се врати во националниот тим за Мундијалот во Русија.
Јане Андерсон, селекторот на Шведска, тимот за Русија би требало да го соопшти на 15-ти мај.

Најнови вести