Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2017

Мурињо: Ибрахимовиќ може да се врати

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ би можело да се врати во редовите на Манчестер јунајтед во вториот дел од сезоната, кога ќе закрепне од повредата, изјави Жозе Мурињо, менаџерот на „црвените ѓаволи“.

На Ибрахимовиќ договорот со Јунајтед му истече во јуни, а клубот поради повредата на коленото, не му понуди продолжување на соработката.
Поради повредата популарниот Ибра ја заврши сезоната порано од планираното, а закрепнувањето по операцијата го вршеше во центарот за тренинг на Јунајтед. Се очекува дека на теренот би можело да се врати во декември.
„Сака уште да игра фудбал на највисоко ниво. Разговараме, зборуваме за можностите да остане во Јунајтед за вториот дел од сезоната“, изјави Мурињо.
Ибрахимовиќ во јуни минатата година потпиша едногодишен договор и до повредата постигна 28 голови на 46 натпревари во сите натпреварувања.
„Повреден е, му треба време за да закрепне. На сите јасно им стави до знаење дека минатата сезона не му била доволна, мисли дека може повеќе“, додаде Мурињо.
Манчестер јунајтед на отворањето на сезоната утре, од 17 часот го дочекува Вест хем.

 

Најнови вести