Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2016

Мурињо го враќа Фердинанд на „Олд Трафорд“

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед Жозе Мурињо во својот стручен штаб сака да го доведе поранешниот фудбалер Рио Фердинанд, тврди „Дејли Мирор“.

Португалскиот стручњак го контактираше поранешниот дефанзивен играч на Јунајтед бидејќи верува дека му се потребни неговите квалитети во работата со младите играчи, особено што многу добро знае како функционира клубот од „Олд Трафорд“.
Се верува дека Фердинанд ќе ја прифати понудата на Мурињо бидејќи има намера да се сврти кон тренерската работа по неколку години работа на телевизиите на „БТ Спорт“ и „ББЦ“.
Фердинанд го носеше дресот на Манчестер од 2002 до 2014 година, одигра 455 натпревари и постигна осум голови, освои шест титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, три Лига Купови, шест Комјунити шилд и ФИФА Светското клупско првенство.
Пред една година да ја заврши кариерата во Квинс парк ренџерс, играше уште и за Вест хем и Борнмут.

Најнови вести