Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2016

Џерард бира - Њукасл или Селтик?

Стивен Џерард, легендарниот капитен на Ливерпул, ја заврши мисијата во Лос Анџелес галакси и ќе се врати на Островот, но не на „Енфилд роуд“, туку во Њукасл или во Селтик.

Како што се наведува, и покрај желбата на навивачите, Џерард тешко може да се избори за место во тимот кај Јирген Клоп, па ги разгледува понудите коишто ги доби од двајцата поранешни менаџери на Ливерпул – Рафаел Бенитес и Брендан Роџерс.
Џерард потекнува од познатиот клуб од Мерсисајд, чиј член беше точно две децении, одигра 710 натпревари, постигна 186 голови и стекна статус на легенда, без оглед на тоа што не успеа да ја освои Премиер лигата.
Тој со Ливерпул ги освои: Лигата на шампионите, УЕФА купот, Суперкупот на Европа, три пати Лига купот, два пати ФА купот и еднаш Комјунити шилд.
За Англија одигра 114 натпревари и постигна 21 гол.

Најнови вести