Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Селтик доминира во „Олд фирм“ дербито, Џерард не успеа да избегне пораз со Ренџерс

Селтик го доби најстарото градско дерби на светот, популарниот „Олд Фирм“ против големиот ривал Глазгов Ренџерс, со голот на Оливие Ничам во второто полувреме

Селтик ја продолжи неверојатната низа од 12 меча без пораз од Глазгов Ренџерс во светски познатото „Олд фирм“ дерби, а патем популарните „келти“ ја прекинаа серијата на менаџерот на ривалот Стивен Џерард од 12 меча без пораз како менаџер на Глазгов Ренџерс.
Оливие Ничам со погодок во 67. минута го одлучи најстарото фудбалско дерби на планетата. Со тоа Селтик ја продолжи низата, сега од 12 меча без пораз во меѓусебните пресметки со големиот ривал. Стивен Џерард кој летово беше назначен за менаџер на Глазгов Ренџерс го претрпе првиот пораз во тринаесеттиот меч, откако стана кормилар на тимот.
Селтик моментно е втор на табелата во шкотското првенство со девет бодови од четири натпревари, а Глазгов Ренџерс е седмопласиран со пет бодови.

 

Најнови вести