Корисничко име Лозинка Пријави се
28.10.2017

Каишина веќе не е менаџер на Ренџерс

Педро Каишина, менаџерот на Ренџерс, доби отказ по седум месеци откако седна на клупата на клубот од Глазгов.

Клубот одлуката за промена на Каишина ја донесе по ремито во средата со Килмарнок (1-1).
Покрај Каишина, клубот од „Ајброкс парк“ ќе го напуштат и неговите помошници Хелдер Баптиста, Педро Малта и Хосе Белман.
Екипата привремено ќе ја преземе Грејем Марти, а клубот наведе дека веднаш ќе ја почне потрагата по нов менаџер.
Ренџерс со Португалецот на клупата победи на 14 од 26 натпревари.
Клубот од Глазгов моментно е четврти на табелата на шкотскиот шампионат со 18 бодови, односно има осум помалку од првопласираниот Селтик.

Најнови вести