Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2012

Фудбалерите на Глазгов ренџерс мора да се решат!

Помошниот тренер на Глазгов ренџерс, Кени Мекдауел, ги повика фудбалерите што поскоро да се изјаснат дали сакаат да останат во клубот кој поради финансиски проблеми е исфлрен во четвртата шкотска лига.

„Мораме да донесеме неколку фудбалери, но прво морам да знаеме кој уште ќе си замине од сегашниот состав. Ги разбираме играчите, но не можеме да ја одолговлекуваме оваа приказна до крајот на преодниот рок. Време е фудбалерите да се решат што сакаат“, изјави Мекдауел за шкотските медиуми.
Заминување од тимот најавија Карлос Боканегра и Дорин Гојан, а веќе си замина Морис Еду.
Мекдауел наведе дека клубот е свесен дека доколку сака успех, ниту во четвртата лига не може да игра со јуниорската екипа:
„Ги почитуваме противниците и знаеме дека нема да биде лесно. Минатиот викенд против Брекин видовме како изгледа борбата во третата дивизија, но се надеваме дека уште сезонава ќе избориме пласман во ранг погоре“, заврши Мекдауел.

Најнови вести