Корисничко име Лозинка Пријави се
06.4.2016

Ренџерс се врати во шкотската Премиер лига

Голема прослава имаше вчера на „Ајброкс“ откако тимот на Глазгов Ренџерс се врати во најелитното натпреварување во Шкотска.

Се знаеше дека Ренџерс оваа сезона конечно ќе биде главен кандидат за влез во највисокиот ранг на натпреварувањето откако минатата сезона беше многу близу, а сега и математички успеа да се пласира во Премиер лигата на Шкотска.
Тие на домашен терен на стадионот во „Ајброкс“ успеаја да го совладаат тимот на Дамбартон со 1-0 со голот на Таверниер во 50-тата минута и така математички обезбедија влез во највисокиот ранг од кој не се дел цели четири години. 
Само да потсетиме, Ренџерс има историја долга 144 години, имаат освоено повеќе титули од било кој друг клуб на светот. Лигата ја освојуваа 54 пати, Купот 33 пати, Лига купот 27 пати, а седум пати во иста сезона ги освоија сите три.
Следната сезона ќе биде новиот „Олд Фирм“ дерби меѓу Селтик и Ренџерс, а за некоја сезона веројатно ќе го гледаме Ренџерс и во европските натпреварувања.

Најнови вести