Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2017

Сензација: Ренџерс елиминиран од аматерите од Луксембург

Фудбалскиот клуб Нидеркорн од Луксембург го елиминираше Глазгов ренџерс во првото коло од квалификациите за Лига на Европа.

Нидеркорн на домашен терен славеше со 2-0 што му беше доволно за пласман во второто коло. На првиот натпревар Ренџерс победи со 1-0.
Шкотите имаа повеќе од играта на реваншот, посед на топка од 63% и 19 удари кон голот, но не успеаја да постигнат гол против четвртопласираната екипа во првенството на Луксембург.
Во второто коло од квалификациите се пласираше и унгарскиот Видеотон кој во двомечот беше подобар од Балзан од Малта. 
На реваншот на Малта резултатот беше 3-3, а на домашен терен Унгарците победија со 2-0.

Најнови вести