Корисничко име Лозинка Пријави се
28.2.2013

Хартс го смени менаџерот

Управата на шкотскиот фудбалски премиерлигаш Хартс го смени менаџерот Џон Мекглин поради серијата лоши резултати.

Екипата на Хартс моментно се наоѓа на претпоследното место на табелата на Премиер лигата во која оваа сезона не игра Глазгов ренџерс.
Мекглин тимот од Единбург го презеде во јуни минатата година. Малку олеснителна околност за Хартс е тоа што има 15 бодови повеќе од последнопласираниот Данди, па е сигурен за опстанок, но ќе се намачи за да обезбеди плејоф за Европа.
Хартс има 32 бода помалку од лидерот Селтик, иако гигантот од Глазгов забележа по пет ремија и порази во 28-то коло.
Клубот од Единбург досега освои четири шампионски титули, осум пати ФА купот и еднаш Лига купот.

Најнови вести