Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2012

Гатузо следните две сезони во Сион

Швајцарскиот прволигаш Сион потврди дека денеска ќе потпише двегодишен договор со поранешниот италијански репрезентативец Џенаро Гатузо.

Триесет и четиригодишниот фудбалер од средниот ред на крајот на сезонава го напушти Милан, а до вчера имаше шпекулации дека кариерата ќе ја продолжи во Галатасарај, откако претходно поради банкротот на Глазгов ренџерс отпадна можноста да се врати во шкотскиот клуб. Гатузо се откажал од потписот на едногодишен договор со Галатасарај вреден 1,5 милион евра и кариерата најверојатно ќе ја заврши во Швајцарија.
“Сè е веќе договорено за да го комплетираме трансферот. Проектот на Сион ќе биде граден околу Гатузо кој веќе добро се слага со претседателот на клубот“, изјави спортскиот директор на Сион, Деџенаро.
Деџенаро минатиот месец откри како Сион, кој минатата сезона ја заврши на деветтото место со одземени 36 бодови, по што играше бараж за опстанок, сака да го ангажира и Алесандро Дел Пјеро, но тој трансфер е многу понереален од ангажманот на Гатузо.

Најнови вести