Корисничко име Лозинка Пријави се
22.10.2012

Глазгов ренџерс повторно го сруши четвртолигашкиот рекорд на посетеност

Во дербито од осмото коло на четвртата шкотска фудбалска лига (Трета дивизија) Глазгов ренџерс пред 49.463 навивачи на својот „Ајброкс“ го победи градскиот ривал Квинс парк ренџерс со 2-0.

Со погодоците на Ли Мекалог во 57-мата и 90-тата минута, како и пробивот на најтрофејниот шкотски клуб на првото место на табелата, помалку се важни информациите од новиот рекорд што го поставија навивачите на екипата која на крајот на минатата сезона административно, поради влегување во стечај, е исфрлена во четвртиот ранг на натпреварување. Посетеноста на натпреварот е најголема во историјата на четвртолигашкиот фудбал воопшто во светот.
Пред два месеци 54-кратниот шкотски шампион на домашниот натпревар од второто коло против Ист Стирлинг на трибините на „Ајброкс“ собра 49.118 гледачи, со што го надмина повеќе од педесет години стариот рекорд на Кристал палас. Лондонскиот клуб во 1961 година во дуелот против Милвол го гледаа 37.774 гледачи.
Следниот пат рекордот би можело да падне кога повторно ќе се сретнат Глазгов ренџерс и Квинс парк ренџерс, чија екипа домашниот натпревар го игра на националниот стадион „Хемпден парк“, кој прима 52.500 гледачи.

Најнови вести