Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2014

Али Мекоист го напушти Глазгов ренџерс

Али Мекоист ја напушти клупата на Глазов ренџерс по серијата лоши резултати во Шампионат лигата.

Мекоист го презеде Глазгов ренџерс во 2011 година, кога тимот поради банкрот заврши во четвртиот ранг на шкотскиот фудбал, и успешно го предводеше до втората лига оваа сезона.
Но, во последните пет кола Глазгов доживеа два порази и само две победи, па по 16 натпревари, заостанува со девет бодови од лидерот Хартс, кој има натпревар помалку.
Само првопласираниот тим од Шампионат лигата директно ќе се пласира во шкотската Премиер лига, додека другите три со еден тим од елитата ќе играат плејоф.
Мeкоист и понатаму ќе прима плата од Ренџерс, која изнесува 750.000 фунти, откако минатата сезона се согласи на двојно помали примања во клубот којшто повторно има финансиски проблеми.
Во текот на наредните 12 месеци двете страни ќе се обидат да постигнат договор со којшто и двете ќе бидат задоволни, кога се во прашање парите што ќе му припаднат на Мeкоист.
Последниот збор во сето тоа веројатно ќе го има сопственикот на Њукасл, Мајкл Ешли, милијардерот кој има девет отсто сопственост во клубот од „Ајброкс“.
Глазгов ренџерс минатиот месец пријави загуба од 8,3 милиони фунти, а во јануари му е потребна слична сума ако сака да преживее следната година.

Најнови вести