Корисничко име Лозинка Пријави се
14.7.2012

Глазгов ренџерс исфрлен во четвртата лига

На состанокот на претставниците на клубовите во Шкотската фудбалска федерација вчера со големо мнозинство гласови е одлучено Глазгов ренџерс да се пресели во Третата дивизија, односно четвртата по ранг лига на Шкотска.

Поради финансиски проблеми по големиот даночен долг Ренџерси прогласија стечај, а потоа новите сопственици основаа нова компанија и прво побараа опстанок во шкотската Премиер лига. Но останатите клубови во шкотската елита не се сложија со ова барање, па наспроти молбата од Шкотската фудбалска федерација, другите клубови го пратија најтрофејниот шкотски клуб таму каде што му е местото според законот – во најнискиот ранг на лигашкиот фудбал во Шкотска – Третата дивизија.
Третата дивизија е четврта и најниска национална лига и следната сезона шкотскиот гигант ќе мора таму да го почне патот кон промоција во Премиер лигата, а да се врати во елитата ќе му требаат минимум три години.
Извршниот директор на Шкотската фудбалска лига на ден пред гласањето предупреди дека најавеното, а веќе остварено сценарио со Глазгов ренџерс во Третата дивизија ќе значи финансиска катастрофа и „бавна смрт на шкотскиот фудбал“, но неговото мислење не го делеа претставниците на дури 25 од 30 клубови кои го пратија таму. Пресудата е конечна, па Глазгов ренџерс сезонава ќе ја почне како четвртолигаш.

Најнови вести