Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2016

Лалана: Жестоко во соблекувалната, Саутгејт донесе стабилност

Англија ја победи Шкотска со 3-0 во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство во Русија, но не блескаше, за што е свесен и стрелецот на вториот гол Адам Лалана.

Иако од 23-тата минута водеше „гордиот Албион“, не беше толку убедлив како што покажува крајниот резултат, а да имаа малку повеќе концентрација, Шкотите многу лесно можеа да имаат позитивен резултат по првите 45 минути. Поради тоа, според признанието на Адам Лалана, било жестоко во соблекувалната на полувремето.
„Не бевме добри и едни на други си кажавме некои работи на полувремето, како и селекторот. Сепак, во вториот дел постигнавме голови навреме, но ќе мора да поработиме на некои работи пред натпреварот со Шпанија“, изјави Лалана.
Играчот за врска додаде дека Герет Саутгејт, в.д. селекторот на Англија,имал важна улога за добрите резултати и водството во квалификациската група Ф.
„Ни даде стабилност. Што се однесува на неговата иднина, таа не е во нашите раце“, изјави Лалана.

Најнови вести