Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2018

Меклиш повторно на клупата на Шкотска

Искусниот тренер Алекс Меклиш се врати на клупата на репрезентацијата на Шкотска, на која ќе седи до 2020 година.

Тој ќе го замени досегашниот селектор Гордон Страхан, кој кормилото на Шкотска го напушти во октомври минатата година, по неуспехот во квалификациите за Мундијалот во Русија. Меклиш веќе ја водеше Шкотска во 2007 година, тогаш на десет натпревари оствари седум триумфи, но по завршувањето на квалификациите за Европското првенство 2008 година, ја напушти таа позиција.
Главен кандидат за селектор беше Мјкл О’Нил, селекторот на Северна Ирска, но по неуспехот во преговорите со него, челниците на Сојузот се свртеа кон Меклиш.
Педесет и деветгодишниот тренер во текот на кариерата ги водеше Мадервил, Хибернијан, Ренџерс, Бирмингам, Астон вила, Нотингам форест, Генк и Замалек, кој е последен клуб што го водел. Од отказот на втори март 2016 година немал ангажман.

Најнови вести