Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2014

Дракслер ја пропушта Шкотска

Јулијан Дракслер, фудбалерот на Шалке, ќе го пропушти стартот на квалификациите за Европското првенство и натпреварот против Шкотска поради повреда на тетивата.

Тој се повреди на пријателскиот натпревар против Аргентина, во којшто гостите вчера победија со 4-2.
„Повредата не е од тешка природа, но не сакам ништо да ризикувам. Особено поради ситуацијата во Шалке, имаме многу повредени играчи. Среќа е што бев заменет навреме, бидејќи ако останев уште на теренот, мислам дека проблемот ќе беше многу поголем“, изјави Дракслер.
Првиот натпревар во квалификациите „панцерите“ ќе го одиграат против Шкотска, во недела од 20.45 часот на стадионот на Борусија во Дортмунд.
Германија се наоѓа во квалификациската група Д со Полска, Шкотска, Грусија, Ирска и Гибралтар.
Дракслер за репрезентацијата на Германија одигра 12 натпревари и беше член на тимот којшто го освои Светското првенство во Бразил. За националниот тим дебитираше во 2012 година на 18 години во пријателскиот натпревар против Швајцарија.

Најнови вести