Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2016

Македонија ја победи Шкотска, продолжува сонот за ЕП

Македонската репрезентација до 21 година со победата во Единбург освои големи три бода, а победоносниот гол го постигна Кире Маркоски.

На гостувањето во Единбург македонските фудбалери одиграа одличен натпревар и славеа со минимален резултат од 1-0 против Шкотска, а со тоа го продолжија сонот за настап на Европското првенство.
Стрелец на победоносниот гол беше фудбалерот на Работнички Кире Маркоски кој во 18-тата минута од средбата ја погоди мрежата на Шкотите по одличната акција во која учествуваа Бобан Николов и Марјан Радески. Во финишот на првиот дел Игор Алексовски имаше одлични интервенции во низа со кои ги спречи домаќините да изедначат, а одлично продолжи да игра и понатаму на натпреварот. Во завршницата на средбата, откако беа направени сите три измени, тој и со повреда продолжи да игра.
Репрезентацијата на Македонија од 69-тата минута играше со еден играч помалку, откако Бејтулаи во рок од две минути доби два жолти картони.
По победата над Шкотска, Македонија го дели првото место со Исланд со по 15 бодови, но „црвено-жолтите“ имаат и натпревар повеќе.

Најнови вести