Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2013

Чедомир Јаневски на клупата на Монс

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски, ќе седне на клупата на тамошниот прволигаш Монс.

Иако сè уште нема официјална потврда од Фудбалската федерација на Македонија, Чедомир Јаневски ќе го наследи Енцо Шифо на клупата на Монс, во моментов последнопласирана екипа во белгиската Прва лига.
Монс има катастрофален старт во новата сезона и по првите осум кола има само два бода по што ја прекина соработката со Енцо Шифо. 
Чедомир Јаневски требаше вчера да биде претставен на официјална прес-конференција во Монс, но таа била откажана поради „мали административни проблеми со Фудбалската федерација на Македонија“, како што беше соопштено од клубот.
Македонската репрезентација има да одигра уште два натпревари во квалификациите за Светското првенство во Бразил, против Велс и против Србија на гости.

Најнови вести