Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2012

Ренџерс изоставен од распоредот за следната сезона

„Глазгов ренџерс е изоставен од списокот на натпревари за претстојната сезона бидејќи клубот е во ликвидација“, рече Јан Блер, генералниот секретар на Премиер лигата на Шкотска.

Блер кажа дека тоа е направено бидејќи Лигата примила барање тоа место да се пренесе на ново претпријатие кое е во основање.
Ако се одбие барањето на Ренџерс, неговото место во Премиер лигата ќе му биде понудено на некој друг клуб, а одлуката, најверојатно, ќе биде донесена на состанокот на четврти јули.
Ренџерс доби нов сопственик, Чарлс Грин, бидејќи го купи клубот кога британските даночни власти го одбиле договорот Ренџерс да се спаси од стечај.
Британските власти имаат намера од поранешните сопственици да бараат да ги исплатат долговите бидејќи Ренџерс на даночниците им должи 21 милион фунти.

Најнови вести