Корисничко име Лозинка Пријави се
24.4.2012

Ренџерс доби забрана за купување играчи

Глазгов ренџерс се наоѓа во сè потешка ситуација. По заминувањето во стечај, во февруари оваа година, Шкотската фудбалска асоцијација го санкционира клубот којшто се наоѓа во сериозни финансиски проблеми.

Како што пренесуваат медиумите од Островот, на „полицајците“ во наредните дванаесет месеци им е забрането да доведуваат нови фудбалери, а претседателот Крег Вајт доживотно е суспендиран и нема право да работи во каква било улога во шкотскиот фудбал. Покрај ова, клубот е казнет со 160.000 фунти, а Вајт со 200.000 фунти.
Клубот од Глазгов од 14-ти февруари е во стечај, а најновите санкции може многу сериозно да влијаат врз напорите да се пронајдат нови сопственици на најтрофејниот клуб во Шкотска.
Вкупните долгови на Ренџерс изнесуваат 134 милиони фунти.

Најнови вести