Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2014

Ван Хал: Титулата ќе дојде на „Олд Трафорд“

Луис ван Хал, тренерот на Манчестер јунајтед, изјави дека екипата има квалитет за освојување на Премиер лигата, иако лошо ја почна сезоната.

Јунајтед против Квинс парк ренџерс ја освои првата победа (4-0) во оваа сезона, со одличните засилувања Анхел ди Марија, Андер Ерера и Далеј Блинд.
„Сакам да ја освојам титулата во Премиер лигата. Во ред, ако не оваа, тогаш следната сезона. Сакам да им донесам радост на навивачите“, изјави Ван Хал.
Холанѓанецот во досегашната тренерска кариера ја освои титулата на националниот шампионат со Ајакс, со шпанската Барселона и со германскиот Баерн Минхен.
Јунајтед во летниот преоден рок ги доведе: Радамел Фалкао, Андер Ерера, Маркос Рохо, Далеј Блинд, Лук Шоу и Анхел ди Марија, а за нивните услуги потроши повеќе од 200 милиони евра.
„Црвените ѓаволи“ првата победа оваа сезона ја остварија во четвртото коло на Премиер лигата, а наредниот викенд ги очекува гостување кај екипата на Лестер.

Најнови вести