Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2015

Хоакин: Среќен сум како мало дете

Хокаин по повеќе од една деценија се врати во Бетис, и тоа со широка насмевка на лицето.

Повеќе од 20 илјади навивачи го дочекаа враќањето на омилениот син на „Бенито Вилјамарин“.
„Среќен сум како мало дете, поминав низ доста тежок период, но сега сè е завршено. Потпишав тригодишен договор и тоа ќе биде тука, завртив цел круг, каде што почнав, тука и ќе завршам“, изјави Хоакин.
Хоакин досега беше во Фиорентина, а се чинеше дека 34-годишниот фудбалер, гледајќи го талентот, може да направи и подобра кариера.
Рики ван Волфсвинкел, холандскиот напаѓач на Норвич, ќе игра на заем во Бетис, ова го потврдија челниците на двата клуба. Бетис има право и да го откупи договорот на 26-годишниот фудбалер.

Најнови вести