Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2017

Џовани Симеоне стигна во Фиорентина

Џовани, синот на Диего Симеоне, вчера ѝ беше претставен на јавноста иако веќе одигра еден натпревар.

Фиорентина доби ново засилување за оваа сезона, а тоа е синот на славниот Диего Симеоне, Џовани.
На Џенова ѝ е платен 18 милиони евра, а веќе одигра еден натпревар за „виолетовите“, и тоа против Интер во поразот од 3-0.
На претставувањето Џовани изјави нешто што баш и не им се допадна на навивачите на Фиорентина.
„Батистута? Не, сакам да бидам Симеоне, иако тој и Икарди се одлични фудбалери. Икарди е мојот идол, тој заслужува да биде повикан во националниот тим, се надевам дека ќе станам како нив“, изјави младиот Симеоне.
Џовани Симеоне има 22 години, а пред Џенова играше за Ривер плате и за Банфилд.

Најнови вести