Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2017

Вилјареал спречи изненадување, Кадис го елиминираше Бетис

Алавес, Еспањол и Вилјареал се пласираа во осминафиналето на Кралскиот куп. Пласман во наредното коло обезбедија Валенсија и Кадис, кој направи пресврт во двомечот со Бетис.

Вилјареал по неочекуваниот пораз во првиот натпревар (1-0), во реваншот славеше против Понферадина со 3-0 и со тоа обезбеди пласман во осминафиналето на Кралскиот куп.
По првото полувреме без голови, Седерик Бакамбу само по две минути игра во продолжението на „жолтата подморница“ ѝ донесе предност, а во 62-рата минута го постигна и вториот гол за неговиот тим.
За конечни 3-0 прецизен беше Карлос Бака.
Алавес во реваншот беше убедлив против Хетафе и славеше со 3-0, вкупно во двомечот Алавес даде седум голови.
Мунир Ел Хадади ги постигна првиот и третиот гол за Алавес, а во стрелците се запиша и Бојан Кркиќ, кој погоди во 31-вата минута.
Еспањол, по 0-0 во првиот натпревар, го елиминира Тенерифе пред домашните навивачи во реваншот со 3-2.
Гостите поведоа со погодокот на Брајан Акоста само по десетина минути игра, а пресврт на Еспањол му донесоа Херард Морено (од белата точка) и Естебан Гранеро.
Во продолжението имаше два гола. Серхио Гарсија погоди за 3-1 во првата минута, а за 3-2 во четвртата минута од продолжението погоди Хуан Карлос.
Бетис во реваншот со Кадис влезе со предност од 2-1 од првиот дуел, но Кадис славеше со 5-3 и со тоа се пласира во следната фаза. Два гола за Кадис постигна Ромеро, а во стрелците се запишаа и Барал, Гарсија и Црногорецот Иван Кецојевиќ. За Бетис головите ги постигнаа Будебуз и Тело (два).
Валенсија беше сигурна и во реваншот со Сарагоса. Валенсија славеше со 4-1 и во следната рунда од натпреварувањето се пласира со вкупна победа од 6-1. Санти Мина постигна два гола, а мрежата на Сарагоса ја погодија и Роберт Ибањес и Рубен Везо. Почесниот погодок за Сарагоса го постигна Памбо во 89-тата минута од средбата.

Најнови вести