08.2.2018 Севилја прв финалист во шпанскиот Куп
Фудбалерите на Севилја се пласираа во финалето на Кралскиот куп откако пред домашните навивачи го совладаа Леганес со 2-0.
По ремито од мината недела (1-1), Севилја успеа да дојде до финалето.
Севилја поведе во 15-тата минута со голот на Кореа, а конечниот резултат го постави Васкез во 89-тата минута, по асистенцијата на Рамирез.
Севилја во финалето на Кралскиот куп на 21-ви мај ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Валенсија и Барселона, кој на програмата е вечерва, од 21.30 часот.