Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Малага се откажа од Димитриевски, сега Леганес е заинтересиран

Шпанскиот второлигаш Малага ги прекина преговорите со Химнастик Тарагона за ангажман на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, но сега Леганес е заинтересиран

Шпанските медиуми објавија дека Малага се откажа од ангажман на Димитриевски, а го купи полскиот голман Пржемислав Титон. Летово најсериозна опција за македонскиот голман беше токму преселбата од Тарагона во Малага, но сега од таа варијанта нема ништо. Сепак, најверојатно Димитриевски ќе се сели од Химнастик и постои голема можност тоа да биде во редовите на шпанскиот прволигаш Леганес. Клубот од Мадрид сериозно се интересира за засилување на голманската позиција, а Димитриевски е меѓу главните кандидати да биде нов член на Леганес.

 

Најнови вести