Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Меч на денот: Малага сака брзо враќање во Примера

Гостите имаат можност со победа да се најдат на врвот на табелата во втората шпанска лига

Некогашните шпански прволигаши Алмерија и Малага, вечерва ќе играат во Сегунда дивисион, односно второто по ранг натпреварување во земјата. Малага минатата сезона испадна од елитата, додека Алмерија веќе се навикна во втората лига. 
Според почетните две кола, Малага е подготвена за експресно враќање во Примера. По првите две кола тимот има шест бода, додека Алмерија со еден пораз и едно реми е во долниот дел од табелата.
Доколку Малага вечерва успее да ги освои трите бода, ќе биде лидер на табелата и единствен тим со максимални шест бода. Традицијата, но и формата се на страната на гостите. На официјални мечеви, Малага нема пораз на последните шест дуели, додека Алмерија е без триумф пет натпревари во низа.
Домаќините се ориентирани на дефанзива, па затоа на последните осум официјални средби на кои играла Алмерија, немало повеќе од два гола. 
Според коефициентите, Малага е фаворит. За „двојка“, коефициентот е 2.25, додека ако Алмерија победи, коефициентот е 3.50. За реми се дава коефициент 2.95. Дека не се очекуваат повеќе од два гола покажуваат и коефициентите. За 0-2 гола коефицинетот е 1.46, а за оние кои сакаат да ризикуваат и веруваат во отворен фудбал со многу погодоци, 3+ „вреди“ со коефициент 2.55. 

 

Најнови вести