15.5.2017 Демичелис ја заврши кариерата
Мартин Демичелис, аргентинскиот репрезентативец и долгогодишен играч на Баерн од Минхен, одлучи на 36 години да стави точка на неговата играчка кариера.
„Искрено речено, ја изгубив силата во нозете, а немам ниту концентрација како некогаш“, изјави дефанзивниот играч на денешната конференција за медиумите во Малага.
Демичелис седум години го носеше дресот на Баерн од Минхен и со „баварците“ четири пати ја освои двојната круна, во 2010 година играше во финалето на Лигата на шампионите, во кое Баерн изгуби од Милан со резултат 2-0.
Во Манчестер сити се задржа три години, а во 2014 година се искачи на победничкиот престол на Премиер лигата.
На националниот тим на Аргентина беше член од 2005 година.
Последен клуб за којшто играше е Малага.