29.12.2016 Асистентот го наследи Рамос во Малага
Уругваецот Марсело Ромеро е именуван за нов тренер на Малага, непосредно по раскинувањето на договорот со Хуанде Рамос.
Ромеро последните три години беше помошник во стручниот штаб на Андалузијците, а тимот го презема по серијата од пет кола без победа и по елиминацијата од Кралскиот куп од второлигаш.
Како играч помина шест сезони на „Ла Росаледа“, а во клубот се врати во 2014 година како асистент на Хави Гарсија.
Како тренер самостојно го водеше само уругвајскиот тим на Алхаурин де ла Торе.
Малага моментно се наоѓа на 11-тото место во Ла Лига, а по празничната пауза, ќе гостува кај Селта на осми јануари.