Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2016

Челзи го прати Атсу во Малага до крајот на сезоната

Дефанзивниот играч на Челзи Кристијан Атсу до крајот на сезоната ќе игра во Малага, соопшти клубот од Лондон.

Атсу на „Стемфорд бриџ“ дојде во 2013 година и потпиша петгодишен договор со „сините“, но не успеа да се наметне во првиот тим.
Тој прво беше пратен на позајмица во Витесе, потоа во Евертон и на крајот во Борнмут.
Репрезентативецот на Гана во Борнмут оваа сезона само два пати беше стартер и тоа во Лига купот.
Атсу сега ќе се обиде да се избори за минутажа во новиот клуб Малага, која во моментов се наоѓа на 12-тото место на табелата на Примера.

Најнови вести