Корисничко име Лозинка Пријави се
19.1.2016

Арсенал го чува Монреал

Левиот бек на Арсенал, Начо Монреал, потпиша нов договор со Арсенал.

Овој 29-годишен фудбалер пристигна во Арсенал од Малага во 2013-тата година и набрзо стана незаменлив на левата аут линија.
„Многу сум среќен бидејќи мојата намера беше да продолжам да играм во Арсенал. Се чувствувам многу убаво во тимот и мило ми е што го продолжив договорот. Имам одличен однос со соиграчите, навивачите веруваат во мене и ми причинува задоволство да играм во овој клуб“, изјави Монреал.
Шпанскиот фудбалер ја има стекнато довербата на Арсен Венгер, а оваа сезона одигра 26 натпревари во сите натпреварувања.
„Шефот го запознав пред три години и навистина имаме одличен однос. Тој е уште една причина поради која сакав да го продолжам договорот и да останам во Арсенал уште долго време“, истакна Монреал.

Најнови вести