Корисничко име Лозинка Пријави се
17.6.2015

Саутхемптон го доведе шпанскиот репрезентативец Хуанми

Хуанми, досегашниот фудбалер на Малага, потпиша четиригодишен договор со Саутхемптон, соопшти англискиот премиерлигаш.

Дваесет и двегодишниот Хуанми ги помина сите млади селекции на Малага, за првиот тим одигра 93 натпревари и постигна 20 голови.
Тој со репрезентацијата на Шпанија за играчи до 19 години го освои Европското првенство, а за А селекцијата дебитираше во март во Холандија.
„Од мал сонував да играм во Премиер лигата. Стилот на фудбалот во таа лига е сличен на мојот стил“, изјави Хуанми.
Тој минатата сезона постигна осум голови за Малага, која натпреварувањето во шпанското првенство го заврши на деветтото место.
„Едвај чекам да почне сезоната. Ова е голем клуб и покажа дека верува во мене. Сега сакам само да почнам да играм и да постигнувам голови“, изјави Хуанми.

Најнови вести