Корисничко име Лозинка Пријави се
25.11.2017

Асенсио ја пропушта Малага поради повреда

Марко Асенсио, фудбалерот на Реал Мадрид, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Малага во Примера лигата поради повреда на десната нога.

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека не е во прашање тешка повреда.
„Како и секогаш, подобро да се одмори три или четири дена отколку да се повреди уште повеќе“, изјави Зидан.
Асенсио од почетокот на сезоната одигра 20 натпревари за Реал и постигна седум погодоци, од кои четири во шпанскиот шампионат.
Реал денес ќе ја дочека Малага во натпреварот од 13-тото коло на Примера лигата и ќе се обиде со победа да ја продолжи потерата кон Барселона и Валенсија.
Кралскиот клуб моментно се наоѓа на третото место на табелата со 24 освоени бода, односно шест помалку од Валенсија, а десет од Барселона.

Најнови вести