07.4.2017 Нови главоболки за Енрике пред Малага
Тројца играчи се надвор од редовите, па сега Енрике ќе мора да внесе двајца од резервниот погон.
Алеиш Видал, Арда Туран и Рафиња се повредени и нема да бидат во протоколот за натпреварот со екипата на Малага, а ним по натпреварот со Севилја им се придружија уште двајца.
Поради жолтите картони коишто ги заработија во победата над Севилја, Жерар Пике и Иван Ракитиќ ќе мора да ја одработат суспензијата, па нема да ги има во тимот за споменатата средба од 31-вото коло.
Сега Енрике на располагање има само 16 фудбалери, па е јасно дека ќе мора да повика двајца од Барселона Б.
Се претпоставува дека во протоколот ќе се најде младиот Карлос Алена, кој веќе настапуваше во првиот тим оваа сезона, а со него дефинитивно ќе оди уште еден млад фудбалер.
Малага во претходните неколку средби се покажа како многу незгоден ривал за Барселона, ремизираа во првиот дел од сезоната, а ќе видиме дали десеткуваната Барселона ќе успее да ја совлада и да продолжи со потерата кон Реал на чело на табелата на шпанската Примера лига.