01.5.2015 Малага го задржи Амрабат
Мароканскиот репрезентативец Нордин Амрабат потпиша повеќегодишен договор со Малага, соопшти клубот од Андалузија.
Амрабат зимоска од Галатасарај дојде на шестмесечен заем во Малага, која беше задоволна од неговите партии и целосно го откупи договорот за три и пол милиони евра.
Амрабат ова сезона одигра 26 натпревари во Примера лигата и постигна шест голови и пет асистенции.
Тој претходно играше за холандските ВВВ Венло и ПСВ Ајндховен и за турскиот Кајсериспор, додека за националниот тим на Мароко настапи 22 пати и постигна три погодоци.