Корисничко име Лозинка Пријави се
19.1.2016

Ватфорд го донесе Амрабат

Досегашниот фудбалер на Малага Нордин Амрабат е ново засилување на Ватфорд за осум милиони евра, потврдено е на интернет страницата на клубот од Премиер лигата.

Играчот за врска од Мароко потпиша договор на три и пол години со тимот кој во моментов е на 12-тото место во Премиер лигата.
„ Амрабат ќе биде добро засилување за нас, одлично ја контролира топката, а може да игра и на повеќе позиции во тимот“, изјави менаџерот на „стршлените“ Кике Санчес Флорес.
Амрабат сезона и половина играше за клубот од Андалузија, каде постигна осум голови на 68 натпревари.
Во текот на својата кариера играше за холандскиот тим ВВВ Венло, ПСВ Ајндховен, Кајзери и Галатасарај.

Најнови вести