Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2018

Меч на денот: Македонија е великан за малиот Гибралтар

Нашата селекција денес го игра првиот меч во Лигата на нациите, фаворитската улога мора да ја оправдаме

Македонија денес гостува кај Гибралтар во рамките од првото коло во Лигата на нациите. Составот на Игор Ангеловски е апсолутен фаворит против малата земја која во фудбалскиот свет сè уште чека некаков позитивен исход.

Статистиката е на наша страна, Македонија цела една година нема пораз (последен од Шпанија со 1-2, на 11-ти јуни 2017), или поточно десет меча. Меѓу овие десет натпревари се бројат и петте успешни гостувања, Македонија на пет меча надвор од дома бележи две победи и три реми. Селекторот Ангеловски на теренот ќе ги пушти единаесеттемина најдобри кои му се на располагање, без разлика што сме фаворити на хартија, тоа треба да го потврдиме и на теренот.

Денешните домаќини не можат да се пофалат со статистика како нашата. Всушност, Гибралтар досега нема освоено ниту бод на квалификациските натпревари од европски и светски рамки. Имаат 20 порази на исто толку одиграни мечеви, со катастрофална гол-разлика, 103 примени и само пет постигнати голови. Во составот се со само еден професионален фудбалер, Лијам Вокер, од каде што доаѓа и најголемата опасност кон нашиот гол.

Натпреварот е закажан за вечерва, со почеток од 20.45 часот, а се очекува стадионот „Викторија“ да биде исполнет до последното место, арената која собира само 2.000 посетители.

Дека Македонија е апсолутен фаворит, говори и самиот коефициент според нашата понуда, за „двојка“ е 1.10, за победа на Гибралтар коефициентот е 40, за реми 11. За типстерите кои очекуваат да има повеќе голови на овој меч нудиме квота од 1.45 за 3+, односно 2.15 за 4+.

Најнови вести