Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2018

Бакамбу најплатен африкански фудбалер на сите времиња

Стрелецот на 14 голови за Вилјареал оваа сезона во Пекинг Гуан ќе има годишна плата од 18 милиони евра.

Седрик Бакамбу, досегашниот напаѓач на Вилјареал, со трансферот во кинескиот Пекинг Гуан стана најплатениот африкански фудбалер на сите времиња, пренесуваат шпанските медиуми.
Кинезите за репрезентативецот на Конго ја платиле излезната клаузула од 40 милиони евра, но издвоиле и дополнителни 34 милиони за данок.
На тој начин, Бакамбу ги надмина трансферите на двајцата играчи на Ливерпул, Мохамед Салах и Садио Мане, како и на Наби Кеита, идниот играч на клубот од „Енфилд роуд“, чиј трансфер од Лајпциг изнесува 56 милиони евра.
Стрелецот на 14 голови за Вилјареал оваа сезона во Пекинг Гуан ќе има годишна плата од 18 милиони евра.

Најнови вести