Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2018

Кинезите го украдоа најдобриот играч на Вилјареал за 40 милиони евра

Седрик Бакамбу, напаѓачот на Вилјареал, договорил трансфер во кинескиот Пекинг Гуан вреден 40 милиони евра, изјави тренерот на шпанскиот клуб Хавиер Калјеха.

Бакамбу, репрезентативецот на Конго, во Вилјареал дојде летото 2015 година од Бурсаспор, а оваа сезона во сите натпреварувања постигна 14 голови на 21 натпревар.
„Договорот со Седрик е постигнат и очекувам во наредните неколку часа да се реализира. Не сакавме да го пуштиме, но во договорот имаше клаузула за продажба во случај на добра понуда и бевме немоќни да го задржиме“, изјави Калјеха.
Бакамбу со девет постигнати погодоци беше најдобар стрелец на „жолтата подморница“, а петти во целата Ла Лига, зад Симоне Заза, Луис Суарес, Јаго Аспас и Лионел Меси.
Неговиот трансфер е петти најголем во историјата на кинескиот фудбал, зад Џексон Мартинез (42 милиони евра), Алекс Тејшејра (50), Хулк (55,8) и рекордерот Оскар (60).
Гуан беше деветти во Суперлигата на Кина минатата сезона, а за овој тим од странците настапуваат Бразилецот Ренато Аугусто (поранешниот играч на Баер Леверкузен) и Шпанецот Жонатан Соријано (некогашниот напаѓач на Еспањол, Барселона, Ред Бул Салцбург).

Најнови вести