Корисничко име Лозинка Пријави се
22.9.2016

Зидан: Не ме интересира рекордот

По 16-те победи од крајот на минатата и почетокот на оваа сезона, Реал Мадрид вчера ја прекина најдолгата победничка низа откако одигра реми (1-1) против Вилјареал.

„Грешки секогаш можат да се случат, тие се составен дел од фудбалот. Не бевме на потребното ниво во првото полувреме, во вториот дел изгледавме многу подобри. Не можете секогаш да стигнете до трите бода во завршниот дел од натпреварот. Против Вилјареал загубивме два бода, тоа се случува, но важно е дека покажавме став“, изјави Зинедин Зидан, менаџерот на Реал Мадрид.
Зидан со клубот триумфираше 16 пати последователно, а на вечната листа остана израмнет со Пеп Гвардиола, кој со Барселона има остварено 16 победи во низа.
„Не ме интересира рекордот. Од друга страна, очекувам многу од Кристијано Роналдо, тој е нашиот клучен играч, многу е важно што беше со нас на теренот. Не сум загрижен што не постигна гол. Загрижен сум кога не игра, важно е да биде максимално подготвен“, додаде Зидан.

Најнови вести