Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2016

Атлетико најмалку три месеци без Облак

Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид, ќе паузира најмалку три месеци поради повреда на рамото.

Словенечкиот репрезентативец се повреди во поразот на „јорганџиите“ од Вилјареал (3-0) во понеделникот, а од клубот потврдија дека ќе мора да му биде извршена операција.
Облак на седум од 15 натпревари во Ла Лига оваа сезона ја сочува мрежата, а се очекува дека ќе го пропушти дуелот со Баер од Леверкузен во осминафиналето на Лигата на шампионите на крајот на февруари и почетокот на март.
Него против Вилјареал го замени Мигел Анхел Моја, кому му беше прв старт по десет месеци, а до декември закрепнуваше од повредата на коленото.
Атлетико доби само два од последните седум натпревари во првенството, па се наоѓа дури на шестото место на табелата со 12 бодови помалку од лидерот Реал.
Тимот на Диего Пабло Симеоне во сабота ја дочекува екипата на Лас Палмас.

Најнови вести