Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2016

Лудогорец со една нога во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Лудогорец ја победија Викторија Плзен на домашен терен со 2-0 во првиот натпревар од плеј-офот за влез во Лигата на шампионите.

Шампионот на Бугарија, кој претходно со голема борба ја исфрли Црвена звезда, не прими гол на домашен терен и сега има одлични шанси пред реванш натпреварот во Чешка.
По првиот дуел во кој немаше голови, Лудогорец поведе во 51-та минута кога Моти го искористи пеналот, а конечниот резултат го постави Вура 26 минути пред крајот.
Одличен резултат пред реванш натпреварот оствари и Селтик кој го победи Хапоел Бер Шева со 5-2. Селтик поведе со 3-0 со головите на Рогиќ и Грифитс, но Израелците возвратија преку Маран и Малискон. Сепак, Дембеле и Браун му ја донесоа сигурната победа на тимот на Брендан Роџерс.
Во дербито на вечерта, Порто и Рома одиграа нерешено со 1-1. Гостите поведоа со автоголот на Монтеиро во 21-та минута, но во 41-та останаа со играч помалку по исклучувањето на Вермелен.
Порто во продолжението изедначи со голот на Силва во 61-та минута. Одличен резултат оствари и Монако кој извојува победа против Вилјареал на гостински терен со 2-1 со головите на Фабињо и Силва. Пато беше единствен стрелец за Шпанците.
Реванш натпреварите се на програмата за следната седмица.

Лига шампиони, плеј-оф, прв натпревар:
Селтик – Хапоел Бер Шева 5-2
Дундалк – Легија 0-2
Лудогорец – Плзен 2-0
Порто – Рома 1-1
Вилјареал – Монако 1-2
Вторник: 
Ајакс – Ростов 1-1
Динамо – Салцбург 1-1
Копенхаген – АПОЕЛ 1-0
Стеауа – Манчестер сити 0-5
Јанг бојс – Менхенгладбах 1-3

Најнови вести