12.8.2016 Вилјареал има нов тренер
Шпанскиот прволигаш во среда го очекува првиот натпревар од плејофот во квалификациите за Лигата на шампионите со Монако па управата брзо реагираше и го назначи Фран Ескриба за нов тренер.
Ескриба во текот на тренерската кариера работеше со младите категории во Валенсија и беше асистент во тимот од „Месталја“, а како помошник работел и во Хетафе, Бенфика и Атлетико Мадрид
На клупата на Елче беше од 2012 до 2015 година, во јуни минатата година го презема Хетафе кој за малку го одведе во понизок ранг и доби отказ во април годинава кога управата на клубот од Мадрид презема мерки за спасување на прволигашкиот статус. Сепак Хетафе на крајот испадна во шпанската втора лига.