Корисничко име Лозинка Пријави се
25.9.2017

Вилјареал го отпушти Ескриба, денес ќе се знае наследникот

Вилјареал по поразот од Хетафе, одлучи да го отпушти тренерот Фран Ескриба.

Вилјареал во Примера лигата забележа три порази, едно реми и само една победа (против Бетис). Поразот против Хетафе од 4-0 беше капката која ја прели чашата, па од управата не го зедоа предвид ниту добриот старт во Лигата на Европа и победата против Астана (3-1), туку одлучија да го отпуштат Фран Ескриба.
Како што е најавено од клубот, во текот на денот ќе биде именуван новиот тренер  на „жолтата подморница“.
„Вилјареал одлучи да го раскине договорот со Фран Ескриба како тренер на првиот тим. Клубот му се заблагодарува на тренерот Ескриба и на неговите помошници Јозеф Алкасер и Хосе Маскарос за нивната посветена работа со првиот тим и им посакува среќа понатаму во кариерата. Тренингот на првиот тим кој требаше да биде одржан денес во 10 часот наутро се одложува за 18 часот. Во наредните неколку часа ќе именуваме нов тренер“, се наведува во соопштението на Вилјареал.

Најнови вести