Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2018

Бартра во Бетис, Сосиедад го ангажираше Морено, Санчес во Еспањол

Мексиканецот во Сосиедад ќе го замени Ињиго Мартинес, кој направи трансфер во Атлетик Билбао.

Фудбалскиот клуб Реал Сосиедад го ангажира мексиканскиот играч Ектор Морено на последниот ден од преодниот рок.
Морено дојде од Рома, а според наводите на медиумите, трансферот е вреден околу шест милиони евра. Тој потпиша договор до 2021 година.
Мексиканецот во Сосиедад ќе го замени Ињига Мартинес, кој направи трансфер во Атлетик Билбао.
Последниот ден од преодниот рок во Шпанија не го обележаа големи трансфери.
Севилја го доведе на заем Сандро Рамирез од Евертон. Во клубот претходно на заем дојдоа Мигел Лајун од Порто и Роки Меса од Свонси.
Нигерискиот фудбалер Емануел Еменике од Олимпијакос отиде на заем во Лас Палмас. Во тој клуб дојде уште еден Нигериец, Петер Етебо, кој за Лас Палмас ќе настапува како играч на заем од португалскиот Феиренсе.
Во Еспањол на заем стигна колумбискиот фудбалер Карлос Санчес. Еспањол има опција на крајот на сезоната да го откупи неговиот договор од Фиорентина.
Бетис се засили со Марк Бартра од Борусија Дортмунд, додека тој клуб го напушти Алин Тошка, кој направи трансфер во италијанскиот Беневенто.
Аргентинскиот фудбалер Лукас Боје од Торино отиде на заем во Селта, додека Џампаоло Пацини стигна во Леванте од Верона.
Барселона ги ангажираше Бразилецот Филипе Кутињо од Ливерпул и Јери Мина од бразилскиот Палмеирас.
Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок се засили со Диего Коста и Витоло, додека клубот го напушти Аугусто Фернандез, кој кариерата ќе ја продолжи во Кина.
Во Шпанија во текот на јануари дојдоа шестмина фудбалери од Саудиска Арабија како дел од партнерството меѓу Примера лигата и Фудбалскиот сојуз на Арабија. Тројца играчи ќе играат во Примера лигата, а тројца во клубови од пониските лиги.

Најнови вести