29.8.2018 За да не „плаче“ Барса, се менува тревата на „Аноета“
На 15-ти септември, Каталонците треба да му гостуваат на Реал Сосиедад, а таму во тек се големи градежни работи
Откако викендов фудбалерите на Барселона се жалеа дека теренот во Валјадолид бил катастрофален и бил од рангот на останатите во Примера, во Реал Сосиедад решија да ги подноват теренот и трибините во пресрет на госутвањето на Барса на 15-ти септември.
Во минатата сезона, Барселона, прекина црна низа од 10 години без триумф на гостувањата во Сан Себастијан, а на тоа традиционално незгодно гостување ќе игра на нова трева.
На „Аноета“ се става нова трева, а инспекцијата на Ла Лига треба да го даде последниот збор дали ќе се дозволи таму да се игра мечот на 15-ти септември. Новина ќе биде и тоа што веќе ќе ја нема атлетската патека околу теренот, па клубот треба да се погрижи и за подобрување на безбедноста.
Доколку на Реал не му се дозволи да игра на својот стадион, ќе мора да бара друго решение, кое нема да биде среќно за гордите Баскијци.