Корисничко име Лозинка Пријави се
10.7.2015

Астон вила го доведе голманот на Норвич

Марк Бан, неодамнешниот голман на Норвич, потпиша двегодишен договор со Астон вила.

Тој во Бирмингам доаѓа откако му истече договорот со екипата на Норвич.
„Среќен сум што повторно ќе работам со Тони Паркс, кој беше тренер на голманот и во Норвич, така што добро ме познава.
Астон вила е голем клуб и ова беше премногу добра шанса за да ја пропуштам“, изјави 30-годишниот чувар на мрежата.
Во досегашната кариера бранеше за: Блекбурн, Лестер, Шефилд јунајтед, Нортхемптон...

Најнови вести